
Ѕвездата на Бразил и на Пари Сен Жермен, Нејмар, ја префрли целата вина на својот татко во судскиот случај против двајцата за трансферот на фудбалерот од Сантош во Барселона во 2013 година. Двајцата, како и уште седум лица, се обвинети за „деловна корупција“ преку која оштетиле милионска бразилска компанија, а случајот почна вчера во Барселона. Во текот на денешниот ден сведочеше Нејмар.
„Татко ми секогаш ги водеше преговорите за договорот. Ги потпишав документите што тој ми ги покажа“, изјави 30-годишниот фудбалер пред судот.
Истрагата за трансферот започна во 2015 година по жалба на бразилската компанија „ДИС“, која имаше 40 отсто од спортските права на фудбалерот. Барселона објави дека му платила на Сантош 57,1 милиони евра за напаѓачот, но обвинителите велат дека сумата за трансфер е најмалку 83 милиони евра, а помалата евидентирана сума му штети на „ДИС“.
Меѓу обвинетите се и двајцата поранешни претседатели на Барселона, Сандро Росел и Хосеп Марија Бартомеу, како и поранешниот прв човек на Сантош, Одилио Родригез.
Случајот ќе трае до 31 октомври, а на Нејмар му се закануваат две години затвор и 10 милиони евра парична казна.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер му постави ултиматум на Чалханоглу

Интернационалци
Ѓоко Хаџиевски ќе биде нов тренер на Спартак Варна

Евро-фудбал
Баерн сака да го купи Чави Симонс од Лајпциг

Евро-фудбал
Марко Верати го промени клубот во Катар
