Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, го доби признанието за најдобар голман, именувана по Лав Јашин. Сепак, тој не беше целосно задоволен. По наградата имаше забелешки на изборот затоа беше рангиран на седмата позиција во генералниот пласман за „Златната топка“.
„Ако сте голман, невозможно е да ја освоите „Златната топка“. Реал Мадрид го освои шампионатот и Лигата на шампионите поради моите одбрани. И јас завршувам седми во гласањето за „Златната топка“… Но, барем има награда за најдобар голман. Сепак, горд сум затоа што ја освоив таа награда како голман на Реал“, изјави Куртоа.
„Златната топка“ ја освои неговиот соиграч, напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













