
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, призна дека шансите за титулата на Ливерпул се теоретски по неделниот пораз од Арсенал со 3-2. Бакајо Сака го постигна победничкиот гол од пенал и ги врати „топчиите“ на врвот во Премиер – лигата, а Ливерпул веќе има 14 бода зад лидерот.
Поразот го остави Ливерпул на 10. место, со само две победи од првите осум натпревари, а Клоп откри дека неговата екипа веќе не е кандидат за титулата.
„Не сме во трка за титулата. Наивно е да седиме овде и да мислиме дека имаме шанси. Имаме проблеми во моментов, но секако Арсенал е тим во форма, прв на табелата, а ние имавме огромни проблеми“, изјави Клоп.
Менаџерот на Ливерпул не верува дека промената на системот била причината за поразот.
„Мислам дека головите што ги примивме немаат врска со планот за игра. Ние сме во тежок период и сакаме заедно да го поминеме ова. Тоа е она на што работиме“, додаде Клоп.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер во нов обид да го доведе Марко Асенсио

Евро-фудбал
Марко Верати го промени клубот во Катар
