
Реал Мадрид продолжи да победува на патот кон одбрана на титулата во Шпанија. „Кралскиот клуб“ беше подобар од Хетафе на гости со 0-1, а во следното коло го очекува „Ел Класико“ и дуел со Барселона.
Но, претходно Реал Мадрид треба да го одигра натпреварот од четвртото коло од Лигата на шампионите против украинскиот Шахтјор.
Големи проблеми за тренерот Карло Анчелоти предизвика новата повреда на дефанзивецот Милитао.
„Се уште не знам кој ќе игра против Шахтјор. Милитао има контрактура на мускулот. Кој и да игра на Ел Класико ќе биде добар дефанзивец“, изјави Карло Анчелоти на прес-конференцијата.
Милитао оваа сезона има девет настапи во дресот на Реал Мадрид и постигна еден гол.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ

Интернационалци
Бојан Димоски пред трансфер во ТСЦ Бачка Топола
