Арсенал стигна до седмата победа во Премиер – лигата оваа сезона откако го совлада Тотенхем во лондонското дерби со 3-1. Тимот на Микел Артета со 21 бод се наоѓа на врвот на табелата.
Парти со прекрасен гол од 20 метри го отвори резултатот во 20.минута. Тотенхем израмни преку Хари Кејн од пенал во 31.минута.
Сепак, второто полувреме му припадна на Арсенал. Габриел Жесус во 49.минута донесе нова предност за Арсенал, а гостите останаа со фудбалер помалку во 62.минута по исклучувањето на Емерсон Ројал.
Гранит Џака со погодокот во 67.минута го реши дуелот.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement













