Италијанскиот шампион Милан одбил да го доведе Кристијано Роналдо на „Сан Сиро“ минатото лето. Агентот Жорге Мендеш го понудил Португалецот на „росонерите“, но добил негативен одговор.
Мендеш се надеваше дека „миланезите“ ќе ја продадат нивната голема ѕвезда Рафаел Леао за да договорат преселба на Кристијано Роналдо на „Сан Сиро“. Во Милан, пак, не се согласија со таков расплет поради високите финансиски побарувања на напаѓачот на Манчестер Јунајтед.
„Росонерите“ сега се загрижени дека нема да можат да го задржат Рафаел Леао долгорочно откако преговорите за нов договор со него заглавија. Во случај да замине, Кристијан Пулишиќ и Хаким Зијеч од Челси се планираат како негова замена.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













