
Македонскиот шампионат се враќа на сцена по двонеделната пауза поради настапите на репрезентациите, а денеска во ПМФЛ се закажани два натпревари од деветтото коло.
Непобедливата Струга Трим Лум од 14 часот гостува во Ѓорче Петров и ќе игра против Македонија ЃП. Составот на Срѓан Захариевски нанижа осум победи во исто толку натпревари пред паузата, а ќе биде интересно да се види дали ќе продолжи во ист стил и на денешниот дуел.
Капитенот Буњамин Шабани се надева на продолжување на серијата.
„Очекувам интересен натпревар со многу квалитетен противник. Сите знаеме како ја започнавме тековната сезона, но тоа е минато и тоа треба да се остави зад нас. Секој нареден меч е уште поважен. Јасно е дека Струга ТЛ сака продолжување на серијата, но тоа да се случи ќе мора Струга ТЛ да го извади најдоброто од себе денеска во Ѓорче“ истакна Шабани.
Во Штип, денеска Брегалница од 15 часот го пречекува тимот на Работнички. На клупата на „романтичарите“ ќе дебитира новиот шеф на стручниот штаб, Милан Илиевски.
Останатите натпревари од 9.коло во ПМФЛ на програмата се утре.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Атлетико Мадрид фрли око на Душан Влаховиќ
