Францускиот шампион Пари Сен Жермен ќе му понуди нов договор на аргентинскиот интернационалец Лионел Меси. На 35-годишната ѕвезда ќе биде понуден едногодишен договор со опција за продолжување на уште една сезона.
Актуелниот договор на Меси со Пари Сен Жермен истекува на крајот на сезоната.
Претходно, шпанските медиуми објавија дека Аргентинецот ќе се врати во Барселона, за која настапуваше во текот на целата кариера, пред да се пресели во францускиот гигант во 2021 година
Меси стана играч на Барселона во 2004 година. Со клубот, Аргентинецот десет пати го освојуваше шпанскиот шампионат, осум пати го освои шпанскиот Суперкуп и седум пати Купот на Шпанија.
Напаѓачот исто така ја освои Лигата на шампионите четири пати, Суперкупот на УЕФА три пати и Светското клупско првенство три пати.
Во август 2021 година, Меси се пресели во Пари Сен Жермен бидејќи Барселона не можеше да потпише нов договор со него поради финансиските регулативи на Ла Лига. За парижаните досега одигра 45 натпревари на кои има 17 гола и 23 асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal