Челси ќе биде без Н’Голо Канте, Едуард Менди, Марк Кукуреља и Карни Чуквуемека за утрешното лондонско дерби со Кристал Палас на „Селхрст Парк“, што ќе биде и деби за новиот стратег Грам Потер во Премиер – лигата.
Неговиот прв натпревар во новата улога беше ремито против Салцбург во Лигата на шампионите, па сега поранешниот менаџер на Брајтон ќе се обиде да го води Челси до првата победа под негова палка.
„Ми се допаѓа атмосферата на „Селхрст Парк“. Навивачите застануваат зад својот тим и им ги отежнуваат работите на гостите. Момците се подготвени и едвај чекаат да играат. Канте штотуку ги продолжи тренинзите, но сè уште не со полна брзина, па не може да игра. Еди Менди не е доволно подготвен за да се искористи овој викенд, можеби следната недела. Кукуреља и Карни се малку болни, но сите останати се на линија“, изјави Потер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













