
Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе, не е задоволен од трансферната политика на парискиот клуб, пишува „RMC Sport“. 23-годишниот Французин негодува што ПСЖ не донесе типичен центарфор во летниот преоден рок.
По ова прашање напаѓачот се согласува со спортскиот директор на парижаните, Луис Кампос, кој во едно неодамнешно интервју изјави дека трансфер кампањата на клубот не била една од најуспешните.
Во исто време, сличен став изрази и првиот човек на тимот Кристоф Галтие, кој рече дека раководството на клубот сакало да ангажира играч за засилување на нападот, но тоа не се случило.
Мбапе оваа сезона постигна 10 гола на девет натпревари за парижаните во сите натпреварувања.
Неговиот договор со клубот е до 30 јуни 2025 година.
По осум кола од Лига 1, ПСЖ има 22 бода и се наоѓа на првото место на табелата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал сака да го купи Ентони Гордон од Њукасл

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука

Евро-фудбал
Феран Торес замина на итна операција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
