Англискиот премиерлигаш Челси работи на трансферот на напаѓачот од Лајпциг, Кристофер Нкунку. Лондончани постигнале договор со 24-годишниот француски интернационалец. Тој треба следното лето да се пресели на „Стемфорд бриџ“.
Во јуни Нкунку го продолжи договорот со Лајпциг до 2026 година, кој вклучува ослободителна клаузула од 60 милиони евра. Напаѓачот беше избран како играч број 1 во минатата сезона во Бундес-лигата, а и на стартот на новата сезона игра во одлична форма.
Челси е подготвен да направи голема реконструкција на тимот, а Нкунку треба во иднина да биде еден од носителите на играта на лондонските „сини“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













