
Аргентинската ѕвезда Лионел Меси има договор со Пари Сен Жермен до крајот на сезона и потоа ќе си замине од Париз. Францускиот клуб се обидува да го задржи уште една година во Париз, но тој веќе решил дека ќе замине како слободен играч и одбил да го продолжи договорот.
Наголемо се најавува негово враќање во Барселона. Тој исто така сака да ја заврши кариерата на „Камп Ноу“. Неговото враќање во Барселона дополнително е мотовирано и по изјавата на потпретседателот на клубот и економски стручњак Едуардо Ромеу, кој рече дека финансиски ќе биде можно клубот да го исполни договорот на Меси следната сезона.
Меси игра одлично оваа сезона во дресот на ПСЖ. Тој постигна шест гола и забележа осум асистенции на 11 одиграни натпревари.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ливерпул без Алексис Мекалистер против Њукасл
