Connect with us

Тони Крос заминува во пензија на крајот на сезоната?

Тони Крос би можел да се пензионира на крајот на сезоната. Мадридските медиуми открија ексклузивна и по малку сензационална информација дека Реал стравува дека Тони Крос би можел да се пензионира на крајот од актуелната сезона.


Крос има договор до јуни 2023 година, сите во Мадрид сакаат тој да остане, а прашање не е дали Германецот сака да оди некаде, туку дали сака да продолжи да игра фудбал.

Германецот во неколку наврати изјави дека е физички и психички исцрпен и дека нема да гледа на бројот на години, туку на неговото лично чувство при одлучувањето за пензија.

Крос е роден во 1990 година. Верувале или не, Лука Модриќ е пет години постар, но тоа не мора да значи многу во овој случај.

Крос не сака да избрзува со одлуката за продолжување на соработката со Реал, бидејќи сака да го слуша своето тело во новата напорна сезона.

Германецот се уште е незаменлив за Карло Анчелоти, но Италијанецот има конкретен план да го одржува свеж во текот на сезоната и значително да му ја намали минутажата секогаш кога ќе добие шанса за ротација.

За негова среќа, тука се Чуамени, Камавинга, Себалјос и Валверде, Реал има долга клупа, а Крос може да земе одмор секогаш кога ќе почувствува потреба.

Исто така, не е тајна дека Реал будно го следи Џуд Белингем, кој би можел да биде замена за Крос, доколку се покаже дека сака да се пензионира.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови