
Поранешниот репрезентативец на Македонија, Дарко Тасевски, кој подолг период живее во Софија, во изјава за бугарскиот „Дспорт“ истакна дека е разочаран од пречекот на бугарската репрезентација во Скопје. Фановите ја исвиркаа бугарската химна, а според Тасевски, тоа не е став на поголемиот број граѓани во Македонија.
„Присуствував на двата натпревари – и во Скопје и во Разград. Разочаран сум од натпреварот во Скопје. Верувам дека ова не е став на мнозинството граѓани во Македонија. Во Разград немаше таков однос кон македонската химна, се беше нормално во рамките на спортски натпревар. Го осудувам тоа што се случи во Скопје. Се познавам со фудбалерите и од двете репрезентации и знам дека не го прифаќаат тоа што се случи. Сигурен сум дека ако наскоро има повторно натпревар вакво нешто нема да се случи. Жално е што како соседни земји место да ги подобруваме односите ние ги влошуваме со постапките“, изјави Тасевски за бугарските медиуми.
Бугарија ја совлада Македонија со 0-1 на арената „Тодор Проески“, во последниот меч од годинашното издание во Лигата на нации.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
