
Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи, побара од УЕФА да ги истражи финансиските зделки на Барселона ова лето и ги обвини Каталонците. Шпанскиот гигант има огромен долг во последните години, но сепак потроши голема сума во текот на летото на нови засилувања, продавајќи ги своите маркетиншки права – еден дел од нивните телевизиски и дигитални права – за да обезбеди финансии.
Сепак, според Ал-Келаифи, ова создава нелојална конкуренција.
„Дали е тоа фер? Не е фер. Дали е законско? Не знам“, изјави Ал – Келаифи.
Парискиот клуб и Барселона имаат многу заладени односи откако ПСЖ го купи Нејмар пред неколку години, а потоа и Лионел Меси, додека минатата година Барселона сакаше да се отцепи во Суперлигата, а францускиот клуб остана лојален на УЕФА.
ПСЖ, исто така, често е критикуван од другите клубови дека всушност е во сопственост на Катар и дека користи фиктивни спонзорски договори за да пумпа пари во клубот, што им дава неправедна предност. Ал-Келаифи е и претседател на Европската клупска асоцијација, а неговото влијание во УЕФА е огромно.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal