Алжирскиот репрезентативец и фудбалер на Манчестер Сити, Ријад Махрез, изјави дека има намера да игра за овој клуб до крајот на кариерата.
„Сакам да играм што е можно подолго и да ја завршам кариерата во Манчестер Сити. Не знам што ми носи иднината после фудбалот. Јас се уште размислувам. Отсекогаш сакав да бидам успешен во овој спорт, тоа беше мојата цел, ќе биде тешко да го напуштам фудбалот“, изјави Ријад Махрез за веб-страницата на „граѓаните“.
Алжирецот се пресели во Манчестер Сити од Лестер во 2018 година. Претходно играше во Франција за Авр и за малку познатиот клуб Кимпер.
Неговиот договор со Манчестер Сити има важност до 2025 година. Сезонава одигра девет натпревари за „граѓаните“ во сите натпреварувања.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













