
Новото засилување на Ливерпул, Артур Мело, подготвен е максимално да се жртвува за да се избори за место во стартниот тим на Јирген Клоп. Бразилецот максимално ќе ја искористи паузата во првенството, откако ангажираше цел тим тренери за да му помогнат да дојде во оптимална состојба пред продолжувањето на натпреварите во Премиер – лигата во октомври, откриваат медиумите на Островот.
Ливерпул има огромни проблеми со повредени играчи на средината на теренот и ова му отвора голема шанса на Артур да се наметне во тимот. Сепак, за тоа ќе мора да биде во совршена форма. Поради оваа причина, тој ги ангажираше инструкторите Џоана Песоа Дел’Оро, Адријан Мартинез Кастро и Даниел Естебан Лабарка Енцина да работат со него и да му помогнат да го достигне потребното ниво.
Артур досега одигра само неколку минути во тимот на Ливерпул, а Јирген Клоп го префрли да настапува и за тимот до 21 година за да ја добие потребната минутажа.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
