
Арсенал е во одлична форма оваа сезона. По седум кола во Премиер – лигата, тимот на Микел Артета е на врвот на табелата со 18 бодови, еден повеќе од Манчестер Сити и Тотенхем.
Легендарниот менаџер на „топчиите“, Арсен Венгер ги искоментира досегашните резултати. Во интервју за „Скај Спортс“, тој изјави дека неговиот поранешен клуб може да ја освои титулата во Премиер – лигата оваа сезона.
Славниот Французин беше тренер на Арсенал од 1996 до 2018 година, а лондонскиот клуб со него на клупата ја освои последната шампионска титула во историската сезона 2003/04. Венгер смета дека оваа сезона на чекањето може да дојде крајот и дека неговиот поранешен клуб предводен од Артета има добри шанси да стигне до титулата.
„Мислам дека имаат добри шанси да ја освојат титулата оваа сезона бидејќи во моментов нема доминантен тим во лигата. Затоа мислам дека ова е навистина добра можност за Арсенал. Секако, ова е нешто посебна сезона, бидејќи ќе биде прекината од Мундијалот, а не се знае колку тоа ќе се одрази на перформансите на поединечни играчи и тимови. Генерално, верувам дека може многу да направат оваа сезона“, изјави Венгер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
