
МАКФУДБАЛ во Тбилиси,
Тбилиси предизвикува, повикува оној триумф од минатото и големото славје за пласман на Европското првенство, но оваа денешна Македонија се соочува со многу кадровски проблеми. И како да нема крај на „малерите“.
Селекторот Благоја Милевски ги брои „жрвите“ и ги чека медицинските белешки за да види со каков фонд ќе располага за денешниот меч.
Ги нема Стефан Ристовски, Аријан Адеми, Дарко Чурлинов, Валон Етеми…Но, и тоа не е се.
Александар Трајковски има силна настинка која дефинитивно го исцрпи, па не е познато колку тој ќе може да придонесе на денешниот дуел.
Ако во нападот и ќе се најде некоја друга опција, многу поголем проблем е одбраната. Го нема Стефан Ристовски на десната страна, таму каде што ќе делува најопасниот грузиски играч Квича Кварацкелија, а на болки се пожали и централниот дефанзивец Дарко Велковски. Прашање е дали и тој би можел да одговори на барањата на еден ваков меч.
Милевски има големи проблеми, но, сепак, најави дека кој и да истрча на денешниот натпревар против Грузија во Тбилиси, очекува да го даде максимумот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Шешко не сака да оди во Саудиска Арабија
