Ница сака да ја прекине соработката со Лусиен Фавр. Швајцарецот не се снајде најдобро во Лига 1 оваа сезона, го наследи Кристоф Галтие и клубот моментно ја зазема 13. позиција по осум одиграни кола и осум освоени бодови.
Французите беа активни во преодниот рок, пристигнаа Диоп, Лаборде, Шмајхел, Ремзи, Пепе, Баркли и други, но резултати според очекувањата – нема. Како потенцијален наследник се споменуваше Маурисио Покетино, но Аргентинецот не сака да прифати работата.
Француските и англиските медиуми пренесуваат дека нова мета е Скот Паркер. Со оглед на неколку засилувања кои дојдоа од Премиер – лигата, клубот ќе се обиде да доведе и тренер од Островот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













