
Реал Мадрид нема повторно да го разгледува трансфер прашањето на напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе. „Кралскиот клуб“ нема да се врати на опцијата на 23-годишниот Французин, бидејќи на неговото одбивање да се пресели минатото лето на „Бернабеу“ се гледа како предавство.
Шпанците веруваат дека напаѓачот и неговото семејство го искористиле клубот за да преговараат со ПСЖ за клупска рекордна плата од 96 милиони евра годишно и бонус за потпис од 100 милиони евра.
Мадриѓани се навредени и од начинот на кој напаѓачот го информираше претседателот на клубот Флорентино Перез за одлуката да го продолжи договорот со ПСЖ. Французинот му напиша кратка порака без воопшто да му се јави на првиот човек на Реал Мадрид.
Мбапе оваа сезона за ПСЖ во сите натпреварувања постигна 10 гола на девет натпревари. Неговиот договор со клубот е до 30 јуни 2025 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
