
По паузата поради репрезентативните настапи, се враќа на сцена македонскиот шампионат, а дербито е на арената „Филип Втори“, каде силите ќе ги одмерат Работнички и Вардар. И за двете екипи, дуелот е од големо бодовно значење.
„Натпреварите со Вардар секогаш носат посебна возбуда, актерите на двете екипи имаат посебна испирација. Работевме напорно за време на паузата поради репрезентативни настапи, ги анализиравме грешките, се обидовме да корегираме нешто во играта и се надевам дека ќе се прикажеме во многу подобро издание. По лошиот старт на пролетната полусезона, бодовите ни се потребни како леб. Но, и Вардар си има свои планови, и секако ќе биде тоа еден тежок и неизвесен дуел. Посакувам на крајот ние да се радуваме на триумф“, вели шефот на стручниот штаб, Жикица Тасевски.
Главен судија на натпреварот меѓу Работнички и Вардар е интернационалецот Александар Ставрев.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal