
Работнички сака да им се врати на победите и повторно да ги разбуди надежите за излез на европска сцена, а Беласица во Скопје доаѓа со мисла да освои барем бод во обидот за бегство од опасната зона на табелата. „Романтичарите“ втор меч ќе бидат под раководство на Баже Лазаревски, кој го замени на клупата Жикица Тасевски, а Беласица го има Ѓоко Хаџиевски. И двајцата имаат несомнено искуство.
„Работнички е квалитетен тим кој влезе во мала криза, а ние по триумфот над Шкупи би сакале да продолжиме во позитивен ритам. Ќе биде ова интересен натпревар, а бодовите им се потребни и на двете екипи. Тоа ќе му даде дополнителна енергија на дуелот“, вели Ѓоко Хаџиевски, стратегот на Беласица.
Силекс во Кратово ќе ја пречека Македонија ЃП, а Победа во Охрид ќе биде домаќин на Вардар. Тоа се исто така мечеви кои ќе го кројат изгледот за долниот дел на табелата.
Ренова посакува да го улови моментот на лоша форма на Шкупи, а во Струмица ќе се игра дуелот меѓу Академија Пандев и Шкендија.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 26.КОЛО (15.30 ЧАСОТ)
СТРУМИЦА. АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА
СКОПЈЕ: РАБОТНИЧКИ – БЕЛАСИЦА
ОХРИД: ПОБЕДА – ВАРДАР
КРАТОВО: СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА ЃП
ТЕТОВО: РЕНОВА – ШКУПИ

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука

Евро-фудбал
Феран Торес замина на итна операција

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
