
Новото засилување на Челси, Пјер-Емерик Обамејанг, не се плаши од „проклетството“ на дресот со бројот „9“ во тимот. Напаѓачот дојде од Барселона во последниот ден од преодниот рок и го зеде дресот што другите играчи на Челси не сакаат да го допрат.
Ромелу Лукаку, кој не се претстави најдобро во првата сезона и годинава се врати на позајмица во Интер, последен пат играше со бројот „9“ во тимот. Пред него, неколку елитни напаѓачи, предводени од Фернандо Торес, Радамел Фалкао и Алваро Мората – го носеа бројот „9“ и ниту еден од нив не се претстави на ниво, а менаџерот Томас Тухел неодамна изјави дека играчите веруваат дека овој дрес е проколнат. Сепак, Обамејанг не се плаши.

„Тој не се плаши од минатото и што значи оваа бројка во Челси. Тој е подготвен да ја напише својата приказна. Оба е подготвен да се бори со предизвиците, да го земе бројот „9“ и да им покаже на луѓето во Лондон дека е подобар отколку што мислат“, изјави Тухел.
Обамејанг нема да може да тренира со тимот барем до следната недела бидејќи има скршена вилица откако вооружени крадци упаднаа во неговиот дом во Барселона и буквално го претепаа.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
