Продолжуваат второлигашките возбудувања, а фокусот е кон Гостивар кој неочекувано се најде во кризна ситуација. Спонзорите поради несогласувања со навивачите и симпатизерите одлучија да го напуштат клубот и апсолутно е неизвесно дали тимот денеска ќе го одигра натпреварот на гости против Беса. Вчерашната одлука беше Гостивар да не се појави на теренот, но има најави дека сепак таа е променeта.
Вардар има сериозен предизвик на гостувањето во Радовиш против Детонит Плачковица, тим кој исто така има состав за респект во второлигашката конкуренција. Пелистер му гостува на Аресими, а Воска Спорт игра против Каменица Саса.
ДВОЈКИ ВТОРА ЛИГА, 3.КОЛО (денеска, 16 часот)
АРЕСИМИ – ПЕЛИСТЕР
ОХРИД ЛИХНИДОС – КОЖУФ
ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – ВАРДАР
БОРЕЦ – ТЕТЕКС
КАРАОРМАН – БЕЛАСИЦА
ЛОКОМОТИВА – СЛОГА ВИНИЦА
КАМЕНИЦА САСА – ВОСКА СПОРТ
БЕСА – ГОСТИВАР
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski