
Интересна промена треба да видиме во новата сезона во Лигата на шампионите, а ќе бидат погодени фудбалерите, но и тренерите. Имено, Роберто Росети побара од судиите да применат правило кое би требало многу да им помогне од оваа сезона.
Отсега играчите и тренерите ќе бидат казнети со жолт картон доколку бараат противникот да добие жолт картон. Се разбира, тоа досега не беше случај. Играчите се жалеа на некои стартови, тренерите бараа картони за противниците, а конечната одлука ја носеа судиите.
Фудбалерите добиваа жолти картони за шутирање, симулирање, како и за некои други гестикулации, но досега не беа казнувани затоа што барааат казна за противникот.
Тоа отсега ќе биде ново правило, се со цел да се симне притисокот од судиите кои во тој момент се во многу тешка позиција.
„Кога играч бара друг играч да добие жолт картон, тоа едноставно не е фер кон фудбалот“, изјави Росети.
Главната цел е да се подобри имиџот на фудбалот и она што навистина го претставува, а останува да се види дали судиите целосно ќе го применат ова правило.
Освен ова правило, УЕФА ќе претстави нов систем за офсајд технологија со специјални камери кои ќе следат 29 делови од телото на фудбалерот и сензори во топката.
Како ќе изгледа сето тоа ќе видиме од вторник кога ќе почнат натпреварите од Лигата на шампионите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
