Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола се обиде да ги олади страстите околу настапот на најдобриот стрелец Ерлинг Халанд, кој постигна девет гола во првите пет натпревари за „граѓаните“. Токму овие игри на Норвежанецот ја наведоа легендата на Ливерпул, Џејми Карагер, да предвиди дека Халанд има потенцијал да биде најдобриот играч што некогаш играл во Премиер – лигата.
„Дали Халанд ќе биде меѓу најдобрите во историјата на Премиер лигата? Му се восхитувам на секој што предвидува што може да се случи во иднина. Пред еден месец сите велеа дека Халанд е катастрофа, а сега дека ќе ги урне сите можни рекорди. Не можам да предвидам што ќе се случи, не знам што ќе се случи утре, што останува за две-три години од сега. Ние сме задоволни со Халанд. Но, посреќни сме што клубот успеа да купи двајца фантастични напаѓачи. Ние сме многу задоволни од Хулијан Алварез, кој постигна еден гол со десна и еден со лева нога против Нотингем Форест. Двата завршни удари беа фантастични. На многу натпревари двајцата ќе играат заедно“, изјави Гвардиола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal