Летниот преоден рок во Англија заврши, но во последните часови синоќа имаше можност да се направи зделката на летото. ПСЖ го понудил Нејмар на Манчестер Сити.
Сепак, „граѓаните“ ја одбиле таква можност. На „Итихад“ сметаа дека привлекувањето на Ерлинг Халанд е доволно за ова лето и на тимот на Пеп Гвардиола не му е потребен Бразилецот.
Познато е дека постои сериозна тензија помеѓу Нејмар и Килијан Мбапе и во текот на летото се шпекулираше со различни информации околу иднината на Бразилецот во Пари Сен Жермен. На крајот, тој останува на „Паркот на принцовите“, но извештаите за „непријателството“ меѓу двајцата веројатно нема да стивнат.
Нејмар има договор со ПСЖ до летото 2025 година со опција за продолжување на уште една сезона.
El PSG ofreció a Neymar al Manchester City… y esta fue la respuesta 😲 https://t.co/eGsL3JtpYw
— MARCA (@marca) September 2, 2022
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













