Барселона официјално објави дека Хектор Белерин, кој се врати во клубот каде ја започна својата кариера, потпишал едногодишен договор. Каталонците ставија сериозна ослободителна клаузула во договорот на Шпанецот. Станува збор за 50 милиони евра.
Белерин се враќа на „Камп Ноу“ 11 години откако ја напушти Барселона како член на Ла Масија и се приклучи на академијата на Арсенал. Тој беше донесен како слободен играч откако успеа да го прекине договорот со „топчиите“, кој имаше важност уште една година.
Во исто време, Челси објави дека спогодбено е раскинат договорот на Маркос Алонсо со клубот. Тоа значи дека Шпанецот се пресели на „Камп Ноу“ како слободен играч. Двата клуба вчера го објавија и трансферот на Пјер-Емерик Обамејанг, кој за 12 милиони евра се пресели на „Стемфорд бриџ“.
A journey which started when I was 7 years old. Today we meet again! @FCBarcelona pic.twitter.com/DcZNooG5SA
— Héctor Bellerín (@HectorBellerin) September 1, 2022
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













