Connect with us

Обид за атентат го прекина фудбалот во Аргентина (ВИДЕО)

Несакани сцени во Аргентина. Обидот за атентат врз поранешната претседателка, а сега потпретседателка на државата, Кристина Фернандез де Кирхнер, ја потресе цела Јужна Америка.


Целиот настан е снимен на видео. Медиумите известуваат како потпретседателката излегла да ги поздрави нејзините политички симпатизери кога вооружен напаѓач скокнал од толпата. Станува збор за 35-годишен Бразилец кој е уапсен на лице место, а чудо е што нема жртви. Напаѓачот дошол толку блиску до потпретседателката што и ставил наполнет пиштол пред главата, но поради некоја причина не пукал.

Подоцна беше потврдено дека пиштолот имал пет куршуми во него. Реагираше и Фудбалската федерација на Аргентина, денеска откажани се сите натпревари низ првенството на оваа земја.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови