Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед го потврди трансферот на Мартин Дубравка од Њукасл. Словачкиот чувар на мрежата доаѓа на едногодишна позајмица со опција за откуп следното лето доколку се исполнат одредени услови.
Јунајтед веднаш плати два милиони фунти за заемот, а во случај на откуп ќе треба да плати уште шест милиони.
Дубравка има големо искуство во Премиер – лигата, бидејќи во последните пет сезони забележа 125 настапи.
Сепак, со доаѓањето на Ник Поуп, тој ова лето стана резервна опција за Еди Хау, што Манчестер Јунајтед го искористи.
Дубравка ќе биде резерва за Давид Де Хеа, но тој најверојатно решил дека повеќе му одговара клупата на „Олд Трафорд“, едноставно, поканата на Манчестер Јунајтед не се одбива.
Словакот е шестото засилување на Манчестер Јунајтед по Лисандро Мартинез, Тајлер Маласија, Кашемиро, Кристијан Ериксен и Антони.
The United goalkeepers' union: ➕1️⃣
— Manchester United (@ManUtd) September 1, 2022
Welcome to the club, @HecoDubravka! 👐#MUFC
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Лаутаро и Бони го однесоа Интер на врвот (ВИДЕО)
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













