
Ерлинг Халанд одигра уште еден одличен натпревар за Манчестер Сити. Неговиот тим го победи Нотингем Форест со 6-0, а младиот норвешки напаѓач постави два рекорди во Премиер – лигата.
Халанд ја погоди мрежата на Нотингем во 12., 23. и во 38. минута, а играше до 69. минута.
Новите три гола значат дека во првите пет натпревари во кариерата во Англија тој веќе постигна девет гола, што е достигнување кое досега не е забележано во Премиер – лигата. Со ова тој го надмина рекордот кој го држеше Серхио Агуеро, исто така во дресот на Манчестер Сити, и Мик Квин со Њукасл.
Халанд погоди два пати против Вест Хем, еднаш против Њукасл, а потоа постигна два хет-трика, против Кристал Палас и против Нотингем Форест. Единствениот тим против кој не постигна гол е Борнмут. Тој беше асистент на тој натпревар.
Освен овој рекорд, Халанд има уште еден. Тој стана најбрзиот играч кој постигнал два хет-трика во Премиер – лигата. Досега рекордот го држеше Демба Ба, а му беа потребни 21 натпревар.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?
