Connect with us

Тотенхем го откупи Ромеро за 50 милиони евра

Тотенхем оваа сезона потроши најмногу пари во историјата на клубот кога се во прашање засилувањата. На тоа обврзува пласманот во Лигата на шампионите, тимот на Антонио Конте игра одлично, па раководството на клубот реши сериозно да инвестира.


Последната аквизиција на Тотенхем е веќе добро познато лице во клубот, Кристијан Ромеро (24), кој и официјално беше купен од Аталанта за сума од 50 милиони евра по позајмица минатата сезона.

Дефанзивецот потпиша петгодишен договор, што значи дека клубот сериозно смета на него во иднина и покрај проблемите со повредите.

Тој забележа два настапи во Премиер – лигата оваа сезона, ги пропушти последните два меча поради повреда, но неговото враќање во стартниот состав се очекува веднаш штом лекарскиот тим ќе даде зелено светло.

Во актуелниот преоден рок Тотенхем потроши 170 милиони евра на засилувања, па очекувањата се дефинитивно поголеми оваа сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови