Бразилскиот играч за врска Вилијан се враќа во Премиер – лигата. Откако претходно играше за Челси и за Арсенал, 34-годишниот фудбалер за врска сега ќе потпише со трет лондонски клуб, Фулам. Вилијан денеска ќе ги помине медицинските прегледи пред да потпише договор.
Искусниот играч за врска тренира со тимот во последните две недели и го убеди Марко Силва дека може да помогне.
Бразилецот е слободен играч откако на почетокот на месецот го раскина договорот со Коринтијанс. Неговиот договор со Фулам првично ќе биде на една сезона.
Вилијан имаше многу успешен седумгодишен период во Челси, освојувајќи две првенствени титули, ФА Куп, Лига Куп и Лига Европа. Во Арсенал, Бразилецот не ги оправда очекувањата и постигна само еден гол на 37 натпревари, по што договорот му беше раскинат на две години пред истекот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













