Матијас Погба, кој беше обвинет за обид за изнуда на неговиот славен брат Пол Погба, ја исполни заканата и почна да објавува сензационални вести за играчот на Јувентус. Тој тврди дека поранешниот играч на Манчестер Јунајтед побарал од шаман да му фрли магија на неговиот репрезентативен колега Килијан Мбапе.
Пол Погба веднаш го отфрли обвинението. Утрово се дозна дека тој поднел тужба против својот брат кој заедно со група вооружени пријатели од детството го уценувале за 13 милиони евра.
Во оваа прилика Матијас на социјалните мрежи напиша:
„Се надевам дека нема да бидете заведени од обидот за манипулација на медиумите и властите. Кога си славен, цел свет е со тебе, властите те слушаат повнимателно. Но, тоа не ве прави над законот, полицијата не ви е поддржувач!“
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













