Нотингем Форест го објави своето 18-то ново засилување ова лето. Тоа е левиот бек на Атлетико Мадрид, Ренан Лоди.
Бразилецот до крајот на сезоната ќе игра на „Ситни Граунд“ на позајмица. „Црвените“ ќе платат 5 милиони фунти за позајмица, со опција за откуп за 30 милиони фунти следното лето.
24-годишниот Бразилец играше за Атлетико Мадрид во изминатите три сезони, забележа вкупно 118 настапи за клубот, постигна шест гола и имаше 10 асистенции. Има 27 натпревари и во Лигата на шампионите.
Очекувањата се дека до затворањето на летниот прозорец, Нотингем Форест ќе достигне, па дури и ќе ја надмине границата, од дури 20 нови засилувања.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













