
Павел Недвед на неславен начин се појави на насловните страници на таблоидите. На социјалните мрежи кружи клип со Недвед во главната улога, покрај три припаднички на понежниот пол. Во еден момент, тој ужива во галење на градите на една од девојките.
Чехот очигледно бил добро расположен, присутните го снимиле, а видеото заврши на социјалните мрежи.
Esta disfrutando bastante nedved pic.twitter.com/y56eEjI2Zr
— JUVENTUS ARGENTINA (@JUVEARGENTINA__) August 28, 2022
Навивачите на Јувентус, кои вообичаено не го сакаат поради неговите бројни очајнички потези како директор на клубот, веруваат дека ова ќе биде последната капка. Многумина го прозиваат дека тој не е достоен за клубот што го претставува и ова веројатно нема да заврши само така.
Некои извори пишуваат дека управата ќе организира вонреден состанок поради видеото, бидејќи не е достојно за клубот што го претставува, таквото однесување на функционер и легенда на клубот не е дозволиво.
Недвед беше во брак со Ивана од 1994 до 2019 година, со која има две деца.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија и Арсими ремизираа без голови

Евро-фудбал
Конте: Видов победнички дух во тимот
