Македонскиот прволигаш Македонија ЃП реагираше на еден сегмент од вчерашниот натпревар против Брегалница во Штип. „Лавовите“ реагираат дека во 62.минута требаше да биде досуден пенал за нив, кога гостинскиот фудбалер беше фаулиран на линијата на шеснаесетникот.
Во реакцијата на Македонија ЃП се вели…
„Во врска со вчерашниот натпревар и анализа на судиската организација, ние мораме да реагираме и да го искажеме нишиот став, а тоа дека судиската организација мора да биде реална и да ја признае својата грешката за која ние како клуб сме сигурни дека не е со намера да се наштети.
Правилото е јасно дека и линијата е составен дел од казнениот простор и направен прекршок на линија е пенал.
Не бараме алиби во судиски грешки и не се правдаме за лошата игра против ФК Брегалница.
Со почит,
ФК Македонија Ѓорче Петров
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













