Четири натпревари – четири победи. Не држи веќе ниту фактот дека Струга ТЛ имаше „лесни“ ривали од стартот на шампионатот. Во последното коло, стружани ја совладаа Шкендија, која беше домаќин во Струмица.
Тимот на Срѓан Захариевски игра фајтерски, на три бода, токму според неговата филозофија за фудбалската игра. Тој задржа голем дел од тимот, но и доведе вистински засилувања со кои Струга Трим Лум оваа сезона е еден од кандидатите за највисок пласман.
МАКФУДБАЛ го избра Срѓан Захариевски за најдобар тренер во четвртото коло од Првата фудбалска лига. Тој го предводи МАКФУДБАЛ ТИМОТ НА КОЛОТО.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













