
Вардар и Академија Пандев денеска во 27. коло од Првата македонска фудбалска лига во седма меѓусебна пресметка во историјата, по влезот на струмичани во прволигашкото друштво минатата сезона. Во шесте претходни меѓусебни натпревари најтрофејниот македонски клуб не знаеше за пораз. Четири победи за Вардар и две ремија се запишани во досегашните дуели, но сега, се чини за првпат, во една далеку порамноправна ситуација која нуди отворена можност за „пандевци“ да дојдат и до својата прва победа.
„Вардарци“ од досегашните три меѓусебни натпревари одиграни во Скопје знаат само за победи. Па, сето тоа, онака статистички погледнато, повторно фаворитската улога ја носи за тимот на Александар Васоски, но противникот како никогаш досега е со желба за триумф низ актуелнава пролетна сезона во која во континуитет се нижат позитивни изданија.
Двата тима во директна пресметка денеска на „Борис Трајковски“ во Маџари ќе одлучуваат можеби и за втората позиција на табелата, иако долго е се уште првенството. Но, натпревар кој дефинитивно може да покаже дали Академија Пандев е подготвена за чекор напред во својот развој на домашната фудбалска сцена. Вардар, пак, со победа, а во очекување на кикс на Шкендија во градската пресметка со Ренова, се уште да ги негува шансите и за шампионската титула.
ПМФЛ – 27. КОЛО (денеска, 15:30 ч.)
Скопје: ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ
Тетово: ШКЕНДИЈА – РЕНОВА
Скопје: ВАРДАР – АК. ПАНДЕВ
Струмица: БЕЛАСИЦА – СИЛЕКС
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ПОБЕДА
Standings provided by Sofascore LiveScore

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Доријан Бабунски потпиша за унгарскиот тим Ниреѓихаза

Евро-фудбал
Самуеле Ричи е првото големо засилување за Милан

Евро-фудбал
Диого Жота загинал на пат кон Ливерпул

Прва лига
Струга ТЛ се засили со Гледи Мици

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар
