Connect with us

Гвардиола ќе има 100 милиони фунти за трошење и во зимскиот преоден рок

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ќе има на располагање 100 милиони фунти за зимскиот трансфер период. „Граѓаните“ беа доста активни на трансфер пазарот во текот на летото и ги доведоа Ерлинг Халанд, Хулијан Алварез, Калвин Филипс и Серхио Гомес.


Меѓутоа, во исто време, тие исто така направија значајни продажби, разделувајќи се со Габриел Жесус, Рахим Стерлинг и со Олександр Зинченко.


Медиумите на Островот тврдат дека Сити потрошил околу 104 милиони фунти за нови играчи ова лето. Во меѓувреме, клубот од јануари досега доби околу 250 милиони фунти од продажба на играчи.


Според сите пресметки, „граѓаните“ се во повеќе од добра финансиска кондиција и можат да си дозволат да потрошат сериозна сума за трансфери и во зимскиот преоден рок. Гвардиола ќе има можност да процени дали треба да засили некој дел од својот тим. Тој исто така ќе има шанса да купи играч кој ќе остави добар впечаток за време на Светското првенство во Катар на крајот на годината.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови