Ѕвездата на Интер, Ромелу Лукаку, е повреден и го пропушта дербито со Милан, пренесува „Газета дело Спорт“. Напаѓачот, кој ова лето се врати од Челси, на вчерашниот тренинг заработил повреда на мускулот. Тој ќе има два дополнителни прегледи за да се утврди точно колку време ќе биде потребно за да се опорави.
Сепак, Белгиецот сигурно ќе ги пропушти следните два натпревари на Интер во Серија А против Кремонезе (вторник) и Милан (сабота), а неизвесен е и за првата средба во Лигата на шампионите против Баерн Минхен, на 7 септември во Милано.
Сезонава Лукаку има еден гол по првите три кола на Калчото, а на 98 натпревари за Интер има постигнато вкупно 65 гола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













