Италијанскиот репрезентативец Андреа Белоти од денеска е нов фудбалер на Рома. Тој потпиша едногодишен договор кој автоматски ќе добие продолжување за уште две сезони доколку бидат исполнети одредени статистички услови во текот на овој шампионат.
Белоти доаѓа на „Олимпико“ како слободен агент, откако истече неговиот договор со Торино.
„Сите се сведоци на зголемените амбиции на Рома, што е фасцинантно за мене. Сакам да напредувам во кариерата, да бидам се подобар од ден во ден и верувам дека Рома е вистинскиот клуб за вакво нешто. Едвај чекам да истрчам на Олимпико, да ја слушнам химната на Рома и што поскоро да заиграм пред верните навивачи“, изјави Белоти.
Тој досега постигна 106 гола на 270 натпревари во Серија А.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













