
Македонскиот првак Шкупи несреќно ја заокружи европската одисеја, но нема мноу време за „плачење“, затоа што веднаш продолжуваат домашните обврски. Ако сака Шкупи да ја одбрани титулата, ќе мора веднаш да преориентира на македонската сцена.
Тимот на Гоце Седлоски денеска го очекува гостување на „Автокоманда“ и дуел со ФК Скопје. Шкупи е фаворит, но ќе треба тоа и да го докаже на теренот.
Шкендија поради суспензија на теренот ќе ја пречека Струга Трим Лум на теренот на Академија Пандев во Струмица. Стружани се максимални по три кола, а напаѓачот Бесарт Ибраими ќе се сретне со својот поранешен клуб.
„Шкендија е фаворит, а јас долги години го носев нивниот дрес. Но, сега сум дел од Струга Трим Лум и ќе сторам сѐ за да оствариме успех“, изјави Ибраими.
Работнички ќе го пречека Тиквеш на комплексот на ФФМ и ја посакува првата победа. „Романтичарите“ многу лошо го стартуваа шампионатот и се последнопласирани на табелата.
Брегалница во Штип ќе биде домаќин на Македонија ЃП. Тренерот Илчо Ѓорѓиоски ќе се сретне со својот некогашен клуб.
Вчера, Силекс и Академија Пандев одиграа 1-1 во Кратово.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 4. КОЛО (денеска 16 ч.)
СКОПЈЕ – ШКУПИ
ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ
БРЕГАЛНИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП
РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ
ВЧЕРА: СИЛЕКС – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 1-1

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ал-Наср со 85 милиони евра по Габриел Мартинели

Евро-фудбал
ПСЖ намириса „одмазда“ и тргнува по Родриго

Интернационалци
Марио Илиевски се пресели во Косово – потпиша за Приштина
