
Српскиот првак Црвена Звезда именува нов шеф на стручниот штаб, веднаш по оставката на Дејан Станковиќ од функцијата. Српскиот првак во иднина ќе го води Милош Милојевиќ, кој беше помошник на Станковиќ од 2019 до 2021 година.
Милојевиќ во кариерата беше тренер на Викинг, Мјалби, Брајдаблик, Хамарби и во Малме.
Претходно, Дејан Станковиќ ја образложи својата оставка.
„Црвена звезда е мојата огромна љубов, неопислива емоција. Сега по третиот обид да ја воведам во Лигата на шампионите, се чувствувам целосно празно, бидејќи не успеав да и го дадам на мојата најголема љубов она што најмногу го посакував. Дадов се од себе. Сега некој друг треба да се обиде. За мене овие три години се најубавиот дел од фудбалскиот живот. Нешто што дополнително ме изгради, ме правеше подобар и подобар. Благодарам на играчите, раководството и навивачите кои се одговорни за тоа. Секогаш ја чувствував нивната поддршка. Затоа ја донесов одлуката да заминам донесена во знак на благодарност и посакувам Звезда секогаш да биде најдобра. Ви благодарам на сите за прекрасното време поминато на „Маракана“. Верувам дека годините на успех се пред клубот, и секогаш останувам таму за мојата Звезда, секогаш со целото мое срце, бидејќи Звезда е живот, а сѐ останато се ситници“, ја објасни својата одлука Дејан Станковиќ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Глазгов Ренџерс сака да го врати Бојан Миовски во Шкотска

Евро-фудбал
Педри: Нема да молчам, тоа не беше пенал!

Евро-фудбал
Ханси Флик: Верувавме во победата до самиот крај
