Италијанскиот калчолигаш Рома го обнови интересот за Шпанецот Саул Нигез по повредата на Џорџинио Вајналдум. Тренерот Жозе Мурињо е во потрага по замена за холандскиот репрезентативец и клубот размислува да го ангажира Саул Нигез на позајмица со опција за откуп на договорот, пишува шпанскиот весник „Мундо Депортиво“.
27-годишниот фудбалер минатата сезона ја мина на позајмица во англискиот Челси, а летото се врати во Атлетико Мадрид.
Поради високата плата, сепак, шпанскиот клуб бара нов тим за играчот, кој беше стартер на мечот од првото коло во Ла Лига против Хетафе, а против Вилјареал една недела подоцна остана резерва.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













