Connect with us

Извлечени групите за ЛШ: Реал Мадрид го брани трофејот, Баерн, Барса и Интер во „група на смртта“

Европскиот првак Реал Мадрид ќе ја почне одбраната на титулата во Лигата на шампионите во група со Лајпциг, Шахтјор Доњецк и со Селтик. Вака одлучи денешниот ждреб за елитното европско клупско натпреварување.


„Група на смртта“ дефинитивно е групата Ц каде се наоѓаат Баерн Минхен, Барселона, Интер и Плзен. Роберт Левандовски ќе се врати во Минхен, како играч на Барселона.


Во новата сезона од Лигата на шампионите ќе учествуваат и тројца македонски репрезентативци, Елиф Елмас со Наполи и Аријан Адеми и Стефан Ристовски со Динамо Загреб.


Наполи е во групата А, заедно со Ајакс, Ливерпул и со Глазгов Ренџерс.


Динамо Загреб е аутсајдер во групата , каде се уште и Милан, Челси и Салцбург.


СИТЕ ГРУПИ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ


Група А: Ајакс, Ливерпул, Наполи, Глазгов Ренџерс


Група Б: Порто, Атлетико Мадрид, Баер Леверкузен, Клуб Бриж


Група Ц: Баерн Минхен, Барселона, Интер, Плзен


Група Д: Ајнтрахт Франкфурт, Тотенхем, Спортинг Лисабон, О. Марсеј


Група Е: Милан, Челси, Салцбург, Динамо Загреб


Група Ф: Реал Мадрид, Лајпциг, Шахтјор, Селтик


Група Г: Манчестер Сити, Севилја, Борусија Дортмунд, ФК Копенхаген


Група Х: ПСЖ, Јувентус, Бенфика, Макаби Хаифа

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови