Приврзаниците на Манчестер Јунајтед ги започнаа најавените организирани протести пред натпреварот со Ливерпул. Навивачите на „црвените ѓаволи“ го окупираа хотелот во кој се сместени играчите на нивниот тим и стручниот штаб.
Англичаните пееја песни против семејството Глејзер, кое е сопственик на клубот од „Олд Трафорд“, а навивачите на Манчестер Јунајтед ги обвинуваат Американците за сите негативни случувања во нивниот клуб во последните неколку години.
Се претпоставува дека голем број навивачи нема да влезат на стадионот за големото англиско дерби за да го искажат својот став, доколку воопшто има натпревар. Има информации и дека навивачите на „црвените ѓаволи“ размислуваат да го блокираат патот на автобусот на Ливерпул, што ќе доведе до многу високи казни од Премиер – лигата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













