Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, ги откри причините за слабиот старт на тимот во англискиот фудбалски шампионат. „Црвените ѓаволи“ ги загубија првите два натпревара во Премиер – лигата од Брајтон и од Брентфорд, а вечерва го пречекуваат вицешампионот Ливерпул на „Олд Трафорд“, кој исто така е без победа по двете ремија досега.
„Имавме добра претсезона, но тогаш нашиот број „9“, Антони Марсијал се повреди, а Кристијано Роналдо не беше подготвен. Ни недостигаше и дефанзивен играч за врска. Во првиот натпревар двајца централни дефанзивци кои немаа играа заедно, започнаа како стартери, а исто така и нашиот голман не одигра добар натпревар. Затоа – има причини, но ќе се подобрииме. Нашите резултати ќе се подобрат. Покажавме дека можеме на тренинзите“, изјави Тен Хаг.
По понижувачкиот пораз од Брентфорд (0-4), менаџерот ги натера играчите на казнен тренинг со трчање од околу 14 километри.
„Одлуката ја донесов веќе во текот на натпреварот кога го видов настапот на играчите. Тоа не е стандард на Манчестер Јунајтед и тоа не е мој стандард. Морам да ги сменам работите. Сите треба да разберат што е потребно за да го носат овој дрес и да го прифатат. Се надевам дека играчите се лути, но лути на себе и на своите соиграчи што не го направиле она што е потребно за тимот. Вечерва ќе имаат можност да покажат колку знаат“, дополни менаџерот на Манчестер Јунајтед.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal