
Неволјите во тимот на Манчестер Јунајтед од почетокот на сезоната никако нема да му помогнат на Ливерпул на вечерашниот меч меѓу двата тима, сигурен е напаѓачот Роберто Фирмино. „Црвените ѓаволи“ ги загубија првите два натпревари во Англија и не само што се на дното на табелата, туку постигнаа само еден гол.
Сепак, ниту „црвените“ немаа посакуван старт, откако избраниците на Јирген Клоп стартуваа со две нерешени средби.
„Не ми е гајле дали нашата победа целосно ќе ги втурне во криза, ние само ги посакуваме трите бода. Овие натпревари секогаш се многу големи и нормално е што пред нив многу се зборува за двата тима. Но, да се игра е тешко и знам дека навивачите се задоволуваат само со успех против големиот противник. Победата ни е неопходна и важна, бидејќи ќе ни биде прва во сезоната. Не ја започнавме како што сакавме, но тоа се само два натпревари. Ние сме мирни и знаеме на што сме способни за да ја сведеме разликата со лидерите на минимум. Свесни сме дека имаме многу силен тим и има 36 кола до крајот“, вели Роберто Фирмино.
Манчестер Јунајтед вечерва ќе го пречека Ливерпул во дербито на колото на „Олд Трафорд“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ал-Наср со 85 милиони евра по Габриел Мартинели

Евро-фудбал
ПСЖ намириса „одмазда“ и тргнува по Родриго

Интернационалци
Марио Илиевски се пресели во Косово – потпиша за Приштина
